📸 Првите фотографии од уништениот автомобил на Ѓорѓе Давид

од Radmila Tasevska
505 прегледи

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид неодамна доживеа страшна несреќа во Македонија, во која рокерот удри во жена која подлегна на повредите. Сега се појавија и првите фотографии од згмечениот автомобил на пејачот, пренесе Стандард лајф.

Имено, Ѓорѓе Давид по сообраќајната незгода останал неколку дена во Македонија, додека не завршила целата истрага. Откако беше ослободен од обвиненијата, рокерот замина во Србија, по што одржа конференција по повод трагичниот настан и ги кажа сите детали од кобната ноќ.

Автомобилот со кој управувал Ѓорѓе Давид дури сега е транспортиран во Србија. На фотографиите можеме да видиме дека возилото е целосно уништено.

Рокерот неодамна имал средба и долг разговор со мажот на жена во која удри. Вели дека тоа многу му значело.

Слични содржини