📸Лекција по француски шик од Брижит Макрон

од Radmila Tasevska
271 прегледи

Претседателот на Франција, Емануел Макрон и неговата сопруга во Елисејската палата во Париз се дружеа со ракометарките, кои во возбудливото финале против секогаш силните Норвежанки (31-28) ја освоија титулата светски шампиони, цитира Стандард лајф.

Брижит Макрон, 70-годишната прва дама на Франција не отстапува од докажаните минималистички модни комбинации кои никогаш не разочаруваат, па повторно посегна по својата омилена „униформа“.

Брижит Макрон
Брижит Макрон

Таа искомбинира моќен црн костум што додворува на фигурата со интересен сив горен дел и соодветна марама изработена од иста ребреста ткаенина, ефективни чизми до глуждовите со брусена кожа кои никогаш не излегуваат од мода и кожен ремен, давајќи лекција за француски шик.

Препознатливиот лелеав боб со шишки и шминка го заокружи овој изглед, додека елегантниот стајлинг го издигна со внимателно одбран сребрен накит.

Слични содржини