Најмалку 56 лица, меѓу кои две деца, го загубија животот денеска во лизгање на земјиштето во јужната индиска држава Керала, а 101 лице е спасено.
Официјални претставници веруваат дека стотици луѓе се заробени, а државата ја ангажира и армијата во операција за спасување и потрага, со два хеликоптери, пишува „Хиндустан Тајмс“.
Метеоролозите за денеска најавуваат пороен дожд. „Тајмс оф Индија“ пишува дека едно училиште во градот Калпета е претворено во засолниште, а обезбедена е и потребната храна и облека.
At least 50 people 🥺 , including two children have died and several others are feared trapped after massive landslides hit various hilly areas in Kerala’s Wayanad district.
My prayers are with the families who lost their loved ones 🙏 #Wayanad #Keralarain #kerala pic.twitter.com/oEyi544lro
— योगी जी | Yogi Ji (@yogi4_sm__X) July 30, 2024
Службеникот задолжен за спасување изјави дека спасувачката операција била отежната бидејќи во областа немало интернет конекција.
Индискиот премиер Нарендра Моди разговараше со главниот министер на Керала Пинараји Виџајан и вети помош за погодените области.