📽 Дечкото на Тејлор Свифт наљути многумина со однесувањето: Пијан се обидел да пее додека го држеле

од Radmila Tasevska
701 прегледи

Тревис Келче, момчето на Тејлор Свифт, го привлече вниманието на јавноста и ги налути обожавателите откако беше снимен како пијан на парадата во Канзас Сити додека ја прославува победата во Супербол со неговиот тим Канзас Сити Чифс, пренесе Стандард лајф.

Градот му приреди големо добредојде на тимот, а кога тие излегоа на сцената, Келче го зеде микрофонот и се обиде да ги отпее Friends in Low Places од кантри уметникот Гарт Брукс. Спортистот се мачеше да изговара зборови и цело време се нишаше, па членовите на неговиот тим мораа да го држат.

Да потсетиме дека Тејлор го бодреше своето момче од трибините на Суперболот, а тие победата ја прославија со бакнеж. Сепак, Келче се соочи со критики откако го турна својот тренер Енди Рид во лута размена за време на Суперболот, при што многумина коментираа дека неговото однесување е неприфатливо.

Слични содржини