📽Познатата манекенка во бикини го покажа своето извајано тело, уживајќи во Турција

од Весна Петровска
29 прегледи

Американската манекенка и актерка Роузи Хантингтон-Вајтли сподели низа фотографии од својот одмор во Турција, а нејзините следбеници на социјалните мрежи не ја криеја воодушевеноста од нејзиниот изглед.

На една од фотографиите, Роузи позира покрај базен во белo бикини, при што доаѓа до израз нејзиниот затегнат стомак и витки нозе. Летниот аутфит го надополнила со елегантна огрлица и сончеви очила.

Покрај тоа, објави и фотографија во црвенo бикини која предизвика бројни позитивни коментари од нејзините обожаватели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosie HW (@rosiehw)

„Прекрасна си“, „Изгледаш фантастично“ и „Опседната сум со тебе“ се само некои од комплиментите што ги доби.

Иако често зрачи со самодоверба и избира смели модни комбинации, Роузи претходно отворено зборуваше за предизвиците со кои се соочува кога станува збор за перцепцијата на сопственото тело по породувањето. Во интервју за Sunday Times, искрено зборуваше за промените низ кои поминалo нејзиното тело по бременостите.

„Твоето тело се менува – старееш, кожата се растегнува, а работите веќе не се таму каде што биле. Ми требаа две години по двете бремености за повторно да се чувствувам како себеси, и дури и тогаш не се чувствуваш сосема нормално“, изјави таа.
Додаде дека, и покрај сè, не би сменила ништо.

„Дваесеттите беа забавни, но со текот на времето созреваш, стануваш помудра и поотпорна. Животот носи предизвици. Мајчинството е тешко, често се прашуваш дали сè правиш како што треба“, заклучи таа.

Инаку, таа е свршена со актерот Џејсон Статам, со кого имаат две деца – синот Џек Оскар и ќерката Изабела Џејмс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosie HW (@rosiehw)