📽️ Со лисици на рацете и опколен од полицајци: Уапсен поранешниот министер за здравство во Албанија

од Илинка Илиоска
1,3K прегледи

Поранешниот министер за здравство во Албанија, Илир Беќај утрово е уапсен.

Како што пренесува „Топ Чанел“, тој е уапсен откако наводно ги злоупотребил средствата на Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош, САСПАК, додека бил на чело на оваа институција.

Беќај ја презеде функцијата шеф на Агенцијата во ноември 2022 година и поднесе оставка во ноември минатата година, кога Специјалното антикорупциско обвинителство започна истрага за концесијата за стерилизација.

За уште девет лица се издадени потерници.

Поради тоа, Беќај се товари за кривично дело „злоупотреба на службена должност извршена во соработка“.

Беќај беше министер за здравство во 2013 година за време на владата „Рама-Мета“.

 

Слични содржини