Ако газдите не исплатат К-15, законот предвидува затвор или парична глоба

од desk3
84 прегледи

 

Сите работнициа во приватниот сектор имат право на регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15. Според пресметките минимална висина на К-15 годинава ќе изнесува 8.900 денари. Ова право го имаат сите работници кои работеле кај истиот работодавец најмалку шест месеци во календарската година.

 Досега дел од фирмите веќе им го исплатија овој регрес на работниците, а оние кои што тоа не го сториле треба тоа да го направат најдоцна до крајот на декември. Законите предвидуваа доколу газдата не го исплати регресот за годишен одмор предвидени се затворски и парични казни за работодавците.
Според колективниот договор, останува правото на фирмите со финансиски тешкотии да исплатат помалку од минимално утврдената сума. Но постоечкиот колективен договор содржи и одредени нејаснотии во делот дали еден работник кој шест месеци работел во една, а потоа уште шест месеци во друга фирма во иста календарска година, треба да добие К-15 од двете или само од едната фирма.

Така износот на К-15 се одредува во висина од најмалку 40% од просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.

За минатата година, тој износ беше најмалку 8.909 денари, а најмногу до 13.116 денари 40% од просечна бруто-плата објавена во тековниот месец која беше 32.789 денари.

Работодавачите појаснуваат дека бидејќи последните месеци од годинава ќе има зголемување на минималната плата од 10.080 на 12.000 денари, се очекува да има и значаен раст на просечната бруто и нето-плата по вработен во Македонија.

Токму овие промени ќе овозможат до крајот од годината да добијат поголем износ во однос на оној што го примиле во декември 2016 година.

 

 

Слични содржини