Се очекува лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино да го кажат последниот збор околу спорните прашања за законот за влада и за законот за приватност.

На средбата присуствуваат и амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава, Џес Бејли, и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.

Доколку лидерите на политичките партии вечерва се договорат за нерешените прашања поврзани со Договорот од Пржино, можно е законите уште утре да се најдат на собраниска седница./META