Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот со лажните лични карти. Така вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако неделникот „Фокус“ објави дека дошле до над сто вакви фалсификувани исправи, кои потоа им ги предале на надлежните.

mvr-spasovski

„Според информациите кои ми ги дадоа на мене, има веројатно такви лични карти од повеќе градови низ Македонија и најсоодветно е да го работи одделот за Организиран криминал. Веднаш после тоа е известено јавното обвинителство на РМ при што е дадена наредба за вештачење. Вештачењето на хартијата, на буквите итн. за да се утврди дали навистина се фалсификат личните карти. Ако се фалсификат, кој тоа го направил итн – вели Спасовски за Алсат -М.

Новинарот Љубиша Арсиќ во својот настап за вечерашното издание на 360 степени, вели дека изворот кој му ги дал 105-те фалс лични карти тврдел дека постојат околу 30 000 вакви лажни документи. Според него, полицијата покажала голем интерес за случајот, бидејќи разговорот при пријавувањето траел барем три часа, меѓудругото и со високи функционери на полицијата.

Според анонимниот извор на „Фокус“, личните карти биле користени за изборни малверзации. Односно, постојат и по шест лични карти на лице со иста слика, но со различни податоци за адреса, име, презиме и место на живеење. Иако личните карти се лажни, матичните броеви напишани на нив се валидни според избирачкиот список на Државната изброна комисија. Практично, ако не се забележи фалсификатот, со документот потенцијално може да се гласа.

повеќе на : Алсат-М

Слични содржини