Андонов: Во предизборниот период ослободени затвореници осудени за тешки кривични дела

од desk2
129 прегледи

Расте загриженоста кај јавноста од политиката која ја води Заев во предизборниот период ослободувајќи затвореници осудени за тешки кривични дела, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС на овие локални избори оди со истата стратегија како порано и како и во 2005-тата година но сега во многу поголем обем и на сите нивоа. Заев од затвор ослободи личности кои во минатото се обидуваа да создадат територија во Република Македонија која би била надвор од контролата на легалните институции и законите во државата, се закануваа со гранатирање на главниот град, вршеа терор врз локалното население, затајуваа данок, шверцуваа и продаваа наркотични средства, како и личности кои беа осудени за предизвикување инциденти за време на изборниот процес“, рече Оливер Андонов, од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потсети дека од јули до декември 2004 година Агим Красниќи „го држеше Кондово под опсада заканувајќи се на граѓаните во пресрет на референдумот за територијална поделба, за кој некој мислеше дека не заслужува одговор, а кој се одржа на 7-ми ноември истата година“.
„Покрај Агим Красниќи, СДС во пресрет на претстојните локални избори, од затвор го ослободи и Бајруш Сејдиу, кумановскиот тобако бос. На Сејдиу во јануари 2011 година му беа изречени 12 години казна затвор за организиран криминал, перење пари, злоупотреба на службена должност и корупција во случајот „Пепел 2“, со што Сејдиу направил штета врз државата и буџетот во висина од 60 милиони евра. На оваа група на криминални ликови кои се ослободени од Заев се придружува и Велија Рамковски“, додаде Андонов.
Тој ги повикува граѓаните да не се плашат од овие закани и од насилниците на СДС.

Слични содржини