Граѓаните на Македонија се сѐ уште мошне загрижени за целокупниот правец на движење на нивната земја, особено во поглед на економијата и политичката стабилност, според новата анкета објавена денес од Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Тие цврсто ја поддржуваат претставичката демократија и интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури.

????????????????????????????????????

„Очигледно е дека во овој период на превирања граѓаните на Македонија се загрижени за правецот на движење на нивната земја и сакаат да видат дека нивната демократија е заштитена“ рече претседателот на ИРИ Марк Грин. „ИРИ ги повикува лидерите на Македонија, и во владата и во опозицијата, да работат заедно за да останат на правецот на политички и економски реформи и да ја однесат земјата на прав пат.“

Загриженост за економијата и политичката стабилност води кон генерален песимизам

Бројот на испитаници кои велат дека Македонија се движи во погрешна насока порасна на 48 проценти, пораст од девет проценти од анкетата на ИРИ во декември 2014 и е на највисоко ниво од декември 2010 година. Состојбата на економијата и растечката политичка криза се главните двигатели на овој песимизам. Педесет и три проценти од испитаниците рекле дека невработеноста е најсериозниот проблем со кој се соочува земјата, додека 64 проценти кажуваат дека животот бил подобар пред распадот на Југославија. Шеесет и еден процент од граѓаните ја опишуваат сегашната политичка ситуација како „тензична и несигурна“, зголемено од 43 проценти во декември, а 58 проценти велат дека Македонија е помалку стабилна отколку пред една година, пораст од 27 проценти од декемвриската анкета.

Демократија пред економскиот просперитет; Слободата на изразување сѐ уште загрижува

И покрај целокупната загриженост за економијата и политичката стабилност на земјата, граѓаните продолжуваат да ја приоретизираат демократијата пред економскиот просперитет. Прашани што е поважно:  демократски систем на владеење или просперитетна економија, мнозинството, 55 проценти, велат дека демократијата е дефинитивно или донекаде поважна за нив (покачено од 53 проценти во декември), додека 40 проценти велат дека просперитетот е дефинитивно или донекаде поважен. Слободата на изразување останува загрижувачка за повеќето граѓани на Македонија. Повеќе од половина од испитаниците (55 проценти) сметаат дека во земјата не постојат слобода на говор и на изразување.

 11021236_10206290265520704_5301998545133425760_n

Поддршка за евроатлатската интеграција останува силна

Можеби поради стравот дека демократијата во земјата е под закана, има силна поддршка за интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури. Додека 67 проценти од граѓаните веруваат дека сегашната политичка криза им штети на напорите на Македонија да ѝ се приклучи на Европската унија, поддршката за влегување во ЕУ и НАТО останува голема со 80, односно 83 проценти.

 Ова е прва анкета која ИРИ ја има спроведено во Македонија по полициската акција спроведена од владата против вооружена етничка албанска група во градот Куманово на почетокот на мај, и доаѓа на сред тековна политичка криза која се одвива околу објавувањето од страна на опозициските социјалдемократи на прислушкувани разговори на владини функционери, вклучувајќи го и премиерот Никола Груевски. Објавувањето на овие прислушкувани разговори доведе до големи демонстрации во главниот град Скопје кои ја повикуваа владата на оставка, а провладини демонстрации исто така беа организирани во градот.

 

Методологија

Анкетата е спроведена од Брима, агенција за истражување на јавното мислење од Скопје во соработка со Вилијамс и соработници и ИРИ. Анкета беше спроведена преку интервјуа лице в лице од 6 до 16 јуни 2015 година, на случаен примерок од 1 105 македонски граѓани постари од 18 години. Маргиналната грешка е во рамки на плус минус 3 проценти со ниво на доверливост  од 95 проценти.

Ова истражување е направено со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Ставовите изразени во ова соопштение не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на САД.

Слични содржини