Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

од desk2
182 прегледи

Јанко Бачев како претставник на Единствена Македонија во Собранието поднесе иницијатива за донесување одлука за повлекување на одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна организација – НАТО, што ја донесе Собранието на седницата одржана на 23 декември 1993 за Македонија да не влезе во НАТО. Според Бачев, НАТО е фашистичка организација.

„Тоа е геноцидна организација која сака да нема Македонија и Македонци. Македонија иднината треба да ја гледа во стратешкото партнерство во Евроазиската Унија, односно Русија”, рече Бачев.

Тој апелираше до претседателот на Собранието, Талат Џафери, да не постапи исто како со иницијативата за амнестија која ја поднела НДМ, додавајќи пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат на висината на задачата и да ја усвојат иницијативата за која треба просто мнозинство. Тој додава дека за нив Талат е нелегитимен претседател и да внимава што прави.

Единствена Македонија е новото име на партијата Народно движење за Македонија, кое лидерот Јанко Бачев го претстави неодамна, кога беа избрани и седум нови членови на извршниот комитет на партијата. Партијата најави дека ќе побара повлекување на сите документи за членство на Македонија во НАТО и ќе се залага за сојуз со Русија и влез во Евроазиската Унија.

Слични содржини