Пред клучната најавена виенска средба за разврска на новонастаната криза по одлуката на претседтелот на државата Иванов да си ги помилува криминалците,  и да прогласи аболиција за предметите на СЈО, денеска гаранторите  на договорот од Пржино амбасадорите на ЕУ и САД Аиво Орав и Џес Бејли на уште едан средба со Иванов за да си ја преиспита својата одлука. Од страна на меѓународните гарантори , Бејли и Орав ,нема информација каков  е нивниот заклучок, од кабинетот на претседателот официјално соопштение. Ви го пренесуваме интегрално

бејли и орав влада

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења и информации за политичката криза во Република Македонија. Во тој контекст, претседателот Иванов ги запозна амбасадорите со мотивите и целта која сака да ја постигне со одлуката за помилување – ослободување од гонење, без спроведување на постапка, како и со контекстот и сите аспекти поради која е донесена одлуката.

Амбасадорите ги изнесоа позициите и загриженоста на државите кои ги претставуваат во врска со одлуката и политичката криза.

На средбата беа разгледани и состојбите со мигрантската и безбедносната криза, како и предизвиците кои од нив произлегуваат, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов

 

Слични содржини