Катастрофалниот земјотрес што го погоди Непал во саботата, го зеде животот на 3 218 лица, според официјалните податоци објавени изутрибава. За жал црната статистика постојано се зголемува.

150425130218-nepal-earthquake-stretcher-super-169-770x470

Над 6 500 лица се повредени во Непал. Околу 90 лица загинаа во соседните земји – Индија и Кина. Болниците во Непал се преполни, луѓето остануваат надвор зградите покрај поројниот дожд кој се излева над настраданите подрачја. Тековните афтршокови предизвикуваат страв  и ја зголемуваат паниката кај голем дел од локалното население.

Кина, Индија, САД, Велика Британија, Русија, Канада и други земји ги активираат спасувачки екипи и одделија средства, за да им се помогне на настраданите.

Слични содржини