79
Бројот на загинатите во земјотресот со јачина 7,1, го погоди Мексико на 19 септември, се искачи на 318 лица, од кои 180 загинале во главниот град на земјата, соопшти националниот координатор на силите за цивилна одбрана Луис Фелипе Пуенте.
73 лица загинале во државата Морелос, 45 – во Пуебле, 13 – во државата Мексико, 6 – во Гереро и еден во Оахаке, соопшти Пуенте на Твитер.
Денес се пронајдени 13 други тела.
Според податоците на националната сеизмолошка служба епицентарот на подземните потреси од 19 септември бил на длабочина 57 километри, на 12 км. југоисточно од Ахохјапан, државата Морелос, 111 км јужно од главниот град. По земјотресот, беа забележани десетици секундарни шокови со магнитуда до 4 степени. / ТАСС