Сегашните цени на нафтата се најниски од 1973 година, изјави денеска пред медиумите шефот на Роснефт Игор Сечин, цитиран од агенциите.

“Со оглед на постојано зголемените посебни трошоци и капитални загуби сегашните цени се најниски од 1973 година”, рече Сечин на Меѓународната недела на нафтата во британската престолнина.

nafta

Цената на нафта од шкрилци на американскиот пазар се падна тројно, а ископувањето се намали за 15 проценти, истакна тој. Според него овие податоци покажуваат дека американскиот пазар на нафта од шкрилци покажал доволно флексибилна технолошка реакција на ценовните шокови. Според него, сепак нафтениот сектор на САД веќе нема да ги повтори стапките на раст од 2012-2014 година.

Сечин го оцени годишниот пад на дневното производство на нафта во светот на 3 милиони барели дневно.

Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите на границите

Се очекува, сепак, извозот на Иран да се зголеми за 85 проценти до 2,4 милиони барели дневно до 2020 година во однос на 1,27 милиони барели дневно во 2014 година.

Шефот на Роснефт исто така изјави дека за ефикасна приватизација на компанијата треба да се почека нафтата да поскапе повторно до 100 долари за барел.

Слични содржини