Маск верува дека доларот може да стане безвреден

од Vladimir Zorba

Eлон Маск предизвика бројни реакции поради објавата за големиот национален долг на Соединетите Американски Држави, откако тој предупреди дека американскиот долар ќе стане безвреден доколку ништо не се преземе.

Како што објави The Blaze, националниот долг на САД е повеќе од 34 илјади милијарди долари.

„Мораме да направиме нешто во врска со нашиот национален долг или доларот нема да вреди ништо“, објави Маск на социјалната мрежа X како одговор на објава на инфлуенсер кој вклучуваше цитат од поранешниот советник за национална безбедност на САД, Х.Р. Мекмастер. кој бара да се распределат средства за одбрана.

„Само го кажувам очигледното“, додаде Маск подоцна.

Политичкиот новинар Ед Красенштајн му напиша дека проблемот е што ниту една администрација не сака да се занимава со прашањето на националниот долг бидејќи долгорочното решение веројатно ќе и наштети на економијата на краток рок.

Сенаторот од Кентаки, Ренд Пол, рече дека националниот долг е всушност најголемата закана за американската национална безбедност и предупреди дека „со лудото трошење, Американците го загрозуваат постоењето на сопствената валута, а можеби и на земјата“.

Републиканската сенаторка Синтија Лумис од Вајоминг исто така изрази став дека „нашиот долг е најголемата закана со која се соочува нашата земја денес“.

Слични содржини