Државната изборна комисија ќе ги преземе сите активности за да стигне до 17 април да го прочисти избирачкиот список, изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, по денешната средба со претставници на 20 амбасади во Клубот на пратеници во Скопје, пишува Мета.

Cicakovski-2-860x680

Според него, на денешната седница во ДИК треба да се најде решение и за тоа како ќе се проверуваат поплаките што пристигнуваат од граѓаните.

– Ќе најдеме решение да ги провериме и сите спорни адреси што ни ги испраќаат граѓаните, тие ќе бидат детално проверени и ќе биде постапено по нив. Што се однесува до теренската проверка, ќе бидат проверени само спорните места – изјави Чичаковски.

Извор и фотографија: www.meta.mk

Слични содржини