98
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп планира да се сретне со поранешниот кандидат на републиканците за претседател Мит Ромни, за да разговараат за можниот ангажман во идната администрација на САД, јавува CNN повикувајќи се на извор од Републиканската партија.
Се очекува средбата меѓу двајцата да се одржи овој викенд. Во информацијата на изворот не се прецизира какво место ќе му биде предложено на Ромни. Тој пред да ја започне политичката кариера Ромни беше бизнисмен и финансиер.
Мит Ромни беше кандидат за претседател на САД од Републиканската партија во 2012 година, кога загуби од Барак Обама.