Хју Хефнер ќе биде погребан покрај својата прва зајчица Мерлин Монро

од desk3
97 прегледи
 Основачот на магазинот “Плејбој” Хју Хефнер почина во 91 година во Лос Анџелес, одлучил уште пред 25 години дека сака да биде погребан покрај славната глумица Мерлин Монро. 

За место на гробиштата Вествуд меморијал Парк, каде почиваат некои од најголемите филмски и телевизиски sвезди тогаш плати 75.000 долари, пренесува Индех.хр. На насловната страницана првиот број на “Плејбој” всушност беше Мерлин Монро што на Хефнер му донесе планетарен успех. 

Таа во 1953 година се соблече за култниот магасзин кој во рекорден рок по цена од 50 центи се продаде во 50.000 примероци.

Датумот на Хефнеровиот погреб сеуште не е познат. Неговиот син Купер се обати до медиумите, информирајќи дека неговиот татко имал возбудлив живот и дека неговите деца и сопруга се тажни и многу ќе им недостасува.

Последните пет години од животот, Хју Хефнер беше во брак со Кристал Херис која од него беше помлада цели 60 години.

 

Слични содржини