Во јавноста интензивна дебата за медиумите, преговарачката маса празна. Пауза или само исклучено за јавност. Сепак едно е сигурно медиумите се поважни и од оставката на Груевски! Излегува дека ништо не е толку поопасно и моќно од медиумите. Значи власта не била ниту премиерската позиција или парламентот или претседателот на државата, власта или стапот биле медиумите. Кој ќе кажува што е точно и вистинито, и тој што ќе објаснува дека празниот џеб и бедата всушност ти се богатство и луксуз, и тоа подобро и од Европа, тоа било главното , другото е само владеење, на едни или други. И затоа ќе почекаме ама ќе се вратат, и преговорите ќе си завршат , бидејќи сите сакаат да владеат.
Вчера немаше преговори за медиуми. Кабинетот на меѓупартискиот посредник Питер Ванхауте вели дека очекува работната група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати на преговори во најбрзо време за да се договорат реформите во медиумите. За денес не е закажана средба.
Ванхауте на почетокот на неделава им донесе на партиите готово решение од меѓународната заедница за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. Истото им го презентираше и на новинарите и медиумските заедници. И тука фати паниката. Ова може да стави ред и контрола, ама не партиска. Властодршците и нивните мегафони прогласија тревога, опозицијата несмасно кажа што мисли и пак ја заплетка мегафоните, евроамбасадорот трча од ЗНМ до МА , ги далдиса сите дека има ССНМ има новинарски синдикат, оти мислеа дека ќе го кријат под тепих, а тој пак ги повика сите новираи и медиуски работници за се здружат за да се изборат против експлоатацијата и работничката обесправеност. Мутнеж, но како и да е се е јасно, кој е чиј е и против кого е.
Колку за партиите Ванхојте им кажа на новинарите: “Преговорите се одвиваат многу тешко и бавно. Има недостиг на идеи од партиите, а голем дел од предлозите не е во согласност со европските стандарди. Предлогот на меѓународната заедница е законското решение да биде помалку рестриктивно, а многу повеќе да ги охрабрува луѓето да работат професионално и независно. Очекувам во наредните денови партиите да ги прифатат предложените измени за приоритетни реформи во медиумите”, рече Ванхауте при презентација пред новинарите, на измените на законското решение. Очекуваме и ние новинарите, синдикалците на ССНМ и ЗНМ и пред се јавноста и граѓаните.
Знаме сите дека нема отстапки, како и со изборниот законик, како и со специјалната обвинителка, анкетната, така и медиумите мора да се решат бидејќи тоа го потпишаа сите. Трпение!
Ад