Тамара Димовска ќе биде погребана денеска во 12.30 часот на гробиштата во Велес.

download (1)

Обдукција не е направена за да се утврди точната причина за смртта, бидејќи девојчето веќе било донесено мртво во Болницата и според правилата во вакви случаи обдукција може да се прави само приватно, доколку тоа го побара семејството-информира НОВА

Илјадници граѓани во текот на вчерашниот и денешниот ден застануваат крај градските јавори во Велес каде што има табли на кои се поставуваат некролози и го гледаат некрологот на кој е сликата на Тамара и известувањето за денешниот погреб на девојчето.

Велешани се крајно револтирани од односот на Фондот за здравство и на Министерството, кои поради административни процедури две години не обезбедија средства за нејзината повторна операција во турција.

Во Велес денеска е министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, но нема најви дали ќе присуствува на погребот.

Малата Тамара ќе ја испратат нејзините врсници и голем број велешани до градските гробишта.

Слични содржини