Израел по соопштението за примирје: Ова не се условите кои ги прифативме

од Nikola Popovski

Израелските власти денеска предупредија дека соопштението на палестинската милитантна група Хамас дека го прифаќа договорот за прекин на огнот не се зема во предвид бидејќи, како што велат, тој не ги вклучува условите на кои Израел се согласил.

Според официјални лица цитирани од израелските Канал 12 и Канал 13, понудата што ја прифатиле Хамас е „еднострано дадена од Египет“ и дека Израел „не ја сфаќа сериозно додека не се разјаснат деталите“, објави „Тајмс оф Израел“.

Неименуван израелски функционер изјавл за Ројтерс дека најавата на Хамас се чини дека е „трик дизајниран да направи Израел да изгледа дека е страната што го отфрла договорот“.

Тој реол дека примирјето со кое се согласи Хамас е „омекната“ верзија на египетскиот предлог што вклучува „далекосежни“ заклучоци што Израел не можел да ги прифати.

Претходно денеска Хамас објави дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот во Газа предложен од Египет и Катар.

Палестинската милитантна група преку соопштение порачал дека нејзиниот шеф Исмаил Ханије го известил катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани и шефот на египетското разузнавање Абас Камел дека го прифаќа нивниот предлог.

Детали за содржината на договорот не беа откриени.

Соопштението на Хамас дека го прифаќа прекинот на огнот беше објавена веднаш по разговорите меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Значаен дел од разговорот меѓу Бајден и Нетанјаху бил посветен на напорите за постигнување договор за прекин на огнот, кој би вклучил ослободување на израелските заложници.

Слични содржини