МО на Русија: ПВО синоќа собори девет украински проектили и 61 беспилотно летало

од Vladimir Zorba
371 прегледи

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана синоќа спречиле украински воздушни напади и уништиле девет американски ракети АТАКМС и 61 беспилотно летало, од кои 57 беспилотни летала се уништени над Кубан.

„Руските системи за противвоздушна одбрана уништија девет оперативно-тактички проектили ATACMS и едно беспилотно летало над територијата на Република Крим. Три беспилотни летала беа уништени над територијата на регионот Белгород, а 57 беспилотни летала беа уништени и пресретнати над територијата на Република Крим“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, пренесува агенцијата Интерфакс.

Во меѓувреме, директорот за безбедност на групацијата компании Славјанск ЕКО, Едуард Труднев, објави дека рафинеријата за нафта во Славјанск на Кубан во Краснодарскиот крај престанала да работи по напад со беспилотно летало. Тој додаде дека беспилотните летала што ја нападнале рафинеријата за нафта носеле полнења со челични топки, пренесува ТАСС.

Прес-службата на регионалната администрација соопшти дека по нападот со дрон во околината на нафтената рафинерија Славјанск не е регистриран пожар. Началникот на округот Славјанск, Роман Сињаговски, соопшти дека, според првичните информации, нема повредени или материјална штета.

Слични содржини