Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп во говорот во Националната асоцијација за оружје (NRA) вети дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател Џозеф Бајден.

Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на NRA во Далас за да ја расветли неговата политика, но и да ги охрабри членовите на NRA да гласаат на ноемвриските избори, пренесе Ројтерс.

„Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовничка група. Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот кој траеше повеќе од 90 минути.

Слични содржини