ВРЕМЕТО ДЕНЕС   Во поголемиот дел од земјава преовладуваше сончево  и топло време со мала до умерена облачност. Во западните подрачја локално имаше зголемена облачност. Дуваше  слаб ветер, претежно од јужен правец.

ох

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:   9 Маврово, Лазарополе, 12 Берово, 13 Кр.Паланка,Претор, 14 Охрид, Прилеп,15 Виница, 16 Тетово, Битола, Струмица, 17 Скопје, Гевгелија, 18 Д.Капија.

П = 978 хПа, У = 36 %.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ  Сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови  имаше повремено зголемена облачност. Во текот на ноќта времето  ќе биде променливо облачно.  Ќе дува слаб ветер, претежно од јужен правец.

 

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови на планините ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Т-мин. од -2 до 5 а дневната највисока температура ќе се движи во интервалот 14 до 19 степени.

 

Скопје Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. Т-рите од 2 / 18 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на температурата. Најтопло ќе биде во петок кога на повеќето места дневната температура ќе достигне над 20 степени.

Слични содржини