Државната изборна комисија попладне ќе одржи седница на која ќе расправа за известувањата примени од граѓаните кои се однесуваат на сомнителни записи во електронскиот Избирачки список. dik-izbiracki-spisok

Известувањата, како што соопшти ДИК, се однесуваат за лице кое не е државјанин на Македонија, лице кое не поседува важечка лична карта или патна исправа, лице кое нема наполнето 18 години, лице кое е на привремена работа или престој во странство, лице кое има живеалиште на друга адреса, а претходно имало живеалиште на дадената адреса, лице кое е починато, лице кое не живее на одредената адреса, а нема податок дека има друго живеалиште..

Слични содржини