Наместо 15 минути, седницата на Државната изборна комисија се одложи за два часа. Па откако седнаа во салата за одлучување, членовите на ДИК продолжија да бараат решение за проблемите со избирачкиот список, но без медиуми.

dik_sednica

Главниот проблем меѓу членовите е дали трите илјади пријави на сомнителни записи во Избирачкиот список да се решаваат по службена должност или да се третираат како претставки од граѓани.

Членовите на ДИК  на предлог од опозицијата инсистираат да се прави разлика меѓу пријава и барање и државните органи да не ги игнорираат пријавите од граѓаните.

Неколку членови на Комисијата сметат дека треба да се решава по Законот за граѓански претставки и да се запази управната постапка и граѓаните да добијат одговор што решила ДИК по нивното барање.

 Примери за нерегуларности има различни. Забележани се и на адреси на членови на ДИК.

Слични содржини