Димитриев на средбата со Хајндл истакнал дека евроинтеграциите се клучни за Владата

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Клучно за Владата е остварување на напредок на полето на евроинтеграциите и со силен интензитет се работи на реализација на препораките, истакнал премиерот Емил Димитриев на денешната средба со специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи, Јоханес Хајндл.

Dimitriev-Hajndl

„Премиерот Димитриев истакна дека сега со прецизен акциски план се задолжени сите државни институции, преку јасно дефинирана рамка за спроведување на препораките и реформите посочени од меѓународната заедница, да се стигне до надградување на стандардите во правосудството, јавната администрација, безбедносниот сектор, медиумите и меѓуетничките односи. Претседателот на Владата посочи дека дел од реформите ќе бидат спроведувани веднаш од институциите, за дел ќе расправа Владата и ќе одлучува Парламентот, а дел ќе бидат формулирани преку поширок политички дијалог“, стои во соопштението од Владата.

Во врска со актуелната политичка криза, Димитриев и Хајндл разговарале за начините и можностите за нејзино надминување, при што „премиерот објасни дека во интерес на Владата е обезбедување на услови за општествен и економски развој на државата и сите нејзини граѓани“./извор Мета

Слични содржини