Според Илија Димоски од ВМРО ДПМНЕ, македонската јавност денеска за прв пат видела како политичар најотворено барал мито за да заврши работа која по закон му е обврска.
22370golema

– Ова до сега не сме го виделе. Поголем скандал не сме имале во 25 години демократија. Секако, ВМРО-ДПМНЕ не е изненадена што тоа е токму Зоран Заев. Впрочем ние многу години говориме дека ова е карактер, стил и методологија на работа на Претседателот на СДСМ. Зоран Заев на видеото бара 100.000 евра за себе, преку брат му Вице и 100.000 евра за Црквата, зад што како термин можеби се крие Партијата. После ова видео се е јасно. Се се гледа на видео, рече денеска на прес-конференција Димоски.

Според Димоски, целата држава била заложник на Зоран Заев, целата штета на економијата, на инвестициите, на бројот на странските туристи била заради Зоран Заев. Целата дестабилизација на државата била само со една цел, Заев да се спасел од видливо јасните прекршувања на законите од негова страна.

– ВМРО-ДПМНЕ денес е зачудена како Зоран Заев тврди дека видео материјал е сечен, монтиран и прелепуван. Зар е возможно тоа господине Заев? Нели вие тврдевте дека таква работа е невозможна кога станува збор за аудио материјали, па од каде сега тоа можело за видео материјали? Видео материјалот може да го видат сите граѓани и нивниот суд ќе е јасен. Ова е барање мито. Дополнително, тој несвесно ја призна автентичноста на видеото. Потврди дека ова се случило. Да зборуваме коректно и разумно. Зоран Заев, после ова видео, повеќе нема кредибилитет да се занимава со политика, рече понатаму Димоски.

ВМРО ДПМНЕ од Зоран Заев бара оставка од функцијата Претседател на СДСМ и од функцијата Градоначалник на Струмица, а така ќе овозможел истрагата и сите постапки да бидат објективни и транспарентни и без никакво политичко влијание.

– Само така ќе покаже дека неговите ставови се принципиелни. Во спротивно се што до сега говореше му паѓа во вода. Тоа што го бара од другите, мора и сам да го направи. Одговорните и сериозни политичари после ваква видео снимка си поднесуваат оставка. Дополнително, оставката на Зоран Заев сериозно ќе влијае на излез од политичката криза во која тој ја вовлече целата држава и внесе немир кај сите граѓани. Тоа ќе биде поздравено од сите сериозни луѓе во Македонија, но и од меѓународната заедница, рече Димоски.

Димоски не знаел дали видеото во кое наводно лидерот на СДСМ барал поткуп, било направено под ПИМ мерки, но вели тоа треба да се употреби во судска постапка.

Слични содржини