До 30 јуни пријавување штети од минатонеделното невреме

од desk3

Од денеса па во наредните десет дена,  оштетените земјоделци  да ги пријават штетите од мионатонеделното невреме.  За проценка на штетите се формирани повеќе комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има предизвикано штети. Обесштетувањето ќе се врши преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството по увидот од комисиите ипроценката од страна на бирото за судски вештачења. Во прилог на барањето земјоделците треба да достават фотокопии од личните документи, трансанциска сметка и документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште.

 

 

Невреме со град минатата недела зафати повеќе региони во земјава и предизвика штети на голем број земјоделски површини. Барањата за проценка и обесштетување ќе може да поднесуваат од 19-ти до 30-ти јуни. Првичните проценки се дека се настрадани скоро 3.000 хектари со овошни, градинарски и со житни култури.Скопскиот, Тетовскиот, Велешкиот, Светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и Гевгелискиот се регионите кои беа најмногу зафатени со невремето минатата недела. Во подрачните единици на министерството земјоделците од овие места од денеска па до 30 јуни можат да поднесуваат барање за проценка на штетите направени од поројниот дожд, проследен со силен ветер и град. Според првичните согледувања се настрадани околу 3.000 хектари со земјоделски култури, најмногу со овошни, градинарски и со житни насади.

Слични содржини