Добредојде за Јанева од Аневски, но не и за медиумите

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Советот на јавни обвинители дава отчет за шесмесечното работење на СЈО.

timthumb-4

Претседателот на Советот Петар Аневски и посака добредојде, но немаше добредодојде за медиумите.

Веднаш по неколку минутното фотографирање и снимање видео, медиумите беа отстранети од салата, иако во Деловникот за работа на Советот, во член 8 пишува: седниците на Советот се од јавен карактер, освен кога Советот ќе донесе одлука дека седницата ќе биде од затворен карактер.

Што денеска е тајно, и што треба да сокрие од јавноста Петар Аневски, па не дозволи медиумите да бидат присутни?

На почетокот, Јанева од Советот побара поддршка за да се продолжи мандатот на СЈО./а1он

Слични содржини