Фаворитот за победа на претседателската номинација на Републиканската партија во САД Доналд Трамп користи “расистичка” политичка реторика и потсетува на Адолф Хитлер.

0000294470-article2

Тоа го изјави синоќа поранешниот мексикански претседател Фелипе Калдерон на јавна манифестација во главниот град на Мексико, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Ројтерс.

“Логиката на супериорноста на белата раса не е само антиимиграциона”, рече Калдерон.

“Тоа дејствува и зборува против имигрантите дека имаат кожа со различна боја од неговата. Тоа е чист расист и тој експлоатира чувства, како што е правел Хитлер во своето време”, изјави Калдерон, кој беше претседател на Мексико од 2006 до 2012 година

Претходникот на Калдерон на претседателската функција Висенте Фокс исто така го спореди Трамп со нацистичкиот лидер. Во интервју за американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен во петокот Фокс рече: “Тој ме потсетува на Хитлер”.

Слични содржини