Вучиќ ѝ ја честиташе победата на Силјановска Давкова

од Nikola Popovski

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.

„И честитам на Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија со цел на напредокот и благосостојбата на нашиот народ, како и на просперитетот на целиот регион“, порачал Вучиќ преку платформата Х.

Противничкиот кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски, го призна поразот во вториот круг од изборите. Силјановска Давкова во моментов има 512.300 гласови односно 65,01% пред Пендаровски со 230.930 илјади гласови.

Слични содржини