128
Двајца илегални мигранти од Пакистан се откриени вчера во багажник од возило кое го управувало 23-годишен скопјанец.
Лицата, како што денеска соопшти МВР, се откриени вчера околу 22:45 часот во близина на Демир Капија кај Прждевскиот споменик на автопатот во правец Гевгелија-Скопје.
Возилото било управувано од Н.Н., кој е приведен и задржан во полициска станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.