evro

Управниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) денеска го задржа сегашното ниво на итни заеми за грчките банки ЕЛА, јави портпарол на ЕЦБ.

Таванот на овие кредити останува непроменет, истакна портпаролот на ЕЦБ неколку часа по информациите дека е постигнат принципиелен договор меѓу Атина и нејзините кредитори.

Од 26 јули заемите ЕЛА, кои се последниот извор за финансирање на грчките банки, беа определни на максимум од 89 милијарди евра.

Соочена со ризик од неуспех на преговорите меѓу грчката влада и партнерите, ЕЦБ одлучи на 6 јули да го задржи нивото на итни кредити и да ги заостри условите за нивно доделување.

Управниот совет на ЕЦБ се состанува во Франкфурт во среда и четврток на редовни средби за монетарната политика./МИА

Слични содржини