Барање од Европскиот совет за итно отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија, враќање на придавката „македонски“, па и употреба на уставното име во еден случај, загриженост за политичката криза во земјата и понуда за посредство за решавање на ситуацијата.

most poliicija korodon blisku
Ова го содржи најновата Предлог-резолуција на Европскиот парламент, во однос на последниот извештај на Европската комисија за Македонија, што денеска на втората расправа пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), ја претстави известувачот Иво Вајгл, јави дописникот на МИА од Брисел.

По 296-те амандмани поднесени по првото претставување на Предлог-резолуцијата минатиот месец, Вајгл и известувачите во сенка за нашата земја, излегоа со 16. компромисни амандмани, чија главна порака е да се отворат пристапните преговори со Македонија и дека билатералниот спор со Грција треба да се решава во фаза на преговори, без истиот да биде пречка за Македонија да напредува во евроинтеграциите.

16933golema

На ова, жестоко реагираа грчките европратеници, кои како аргумент го користеа лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговите материјали за прислушување во земјата што, според нив, покажале дека Македонија не ги исполнува Копенхашките критериуми и дека не заслужува да напредува во евроинтеграциите.

Потпретседателот на АФЕТ, Хрватот Андреј Пленковиќ, на почетокот на дебатата истакна дека Македонија во последно време се наоѓа во ситуација каде политичката стабилност е во прашање поради меѓусебни обвинувања за казнени дела кои се однесуваат и на прислушување. За да се решат овие лоши услови во земјата, тој рече дека треба да се преземат мерки за државата да оди на патот на ЕУ. Европарламентот, рече тој, ги повикува сите актери на конструктивен начин и низ дијалог да се вратат јасните стратешки приоритети на земјата и таа да се насочи на реформи и на патот кон ЕУ.

Слични содржини