Флорида прогласи вонредна состојба поради вирусот зика

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Гувернерот на американската држава Флорида Рик Скот прогласи вонредна состојба во четири окрузи поради вирусот зика, јави ТАСС.zika

Во државата се откриени најмалку девет случаи на заболувањето, што се шири преку каснување со комарци.

Според здравствените власти во сите случаи заболените се заразиле при патување во земји, засегнати од вирусот.

Податоците на Центарот за контрола и превенција на заразни болести во Атланта покажуваат дека дека во над десет држави на САД се утврдени над 30 случаи на зараза со вирусот зика во 2015 и 2016 година.

Слични содржини