(ФОТО) И Лурдес си ги чува влакната како мајка ѝ

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Лурдес Леон беше меѓу најкоментираните дами на плажа во Мајами оваа недела. 20-годишната ќерка на Мадона импресионираше не само со исклучително секси и стегнато тело, но и со влакнестите пазуви.

Бринетата сосема спокојно се излежуваше на плажа во друштво на дечко ѝ и пријателите и немарно го криеше своето лице од сонцето за јасно да им покаже на сите дека не ги почитува жилетот и депилацијата.

На папараци кадрите се гледа дека таа пуштила доста забележливи темни влакна и рацете. За нозете сепак Лурдес очигледно се погрижила темелно, бидејќи тие изгледаат мазни и доста стегнати..

“Небрежноста” на Леон е целосно свесна и потсетува на бунтовните излети на нејзината позната мајка Мадона, која во текот на годините постојано се појавуваше со влакна во областа на пазувите.

Поп кралицата дури гордо прикачува во одредени периоди слики, за да укаже на влакната.

Дали Лурдес цели да демонстрира нешто или едноставно ја замрзело да се погрижи за влакната, не можеме да знаеме.