Француските граѓани, кои се враќале од земји каде е утврдено присуството на вирусот Зика, ќе можат да донираат крв дури откако ќе истече 28-дневниот период. Одлуката ја донела министерката за здравство на Република Франција Марисол Туре, цитирана од агенциите.4643569

Се преземаат мерки за да се провери дека крвта на донаторите не е заразена со вирусот Зика. Се воведува  правилото секој човек кој се вратил од зона, каде вирусот е распространет, да почека 28 дена пред да дава крв како донатор. Се прават исто така проверки на целата донаторска крв во француските департмани на американскиот континент, прецизира министерката за радио Европа 1.

Таа го смири населението, и увери дека на матичната територија досега нема случаи на заболени од вирусот Зика. болеста сепак се шири во странските департмани на Франција – Мартиник, Француска Гвајана и Гвадалупе. Франција е третата земја која воведува ограничувања во крводаруването. Досега тоа го направија Канада и Велика Британија.

Слични содржини