Поранешниот евроамбасасдор во Македонија, Ерван Фуере на својот фејсбук профил објави статус, во кој потсетува на трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. Фуере ги повика владеачките структури да дадат очет за сработеното за доброто на државата во знак на почит кон заложбите на прерано починатиот Претседател.

F9F24D06C2CABC579F6D55F31ED44754

„Неделава се одбележуваат 12 години од трагичната и прерана смрт на претседателот на Македонија, Борис Трајковски, во авионска несреќа. Тој беше визионерски лидер, почитуван низ светот. Тој го разбираше вистинското значење на дијалогот и на довербата за надминување на разликите во општеството: „Заедно, не одвоено. Отворено, не затворено, да се вклучи, не да се исклучи“.

Што прават владејачката партија и нејзиното политичко раководство во знак на почит и поддршка на неговиот завет или ќе продолжат да го уништваат сето она за кое тој се залагаше?“

Слични содржини