Георгиевски во заштита на компромитирачкиот режим на Груевски

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски отворено побара  целосна амнестија за владата на Никола Груевски.

VMRO-NP-Ljubco-Georgievski (1)

Втор месец опозицијата во Република Македонија открива како Груевски со помош на својот братучед и директор на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков учествуваат во тешки корупциски шеми, вршат изборни манипулации, кадруват во судството и држат под целосна контрола на сите медиуми.

Според Георгиевски за време на разговорите со посредство на европратеници во Брисел меѓу партијата на Груевски и опозицискиот Социјалдемократски сојуз “прва точка треба да биде закон за амнестија”. Според Георгиевски “изгледа и двете страни се прислушувале”. Тој се заложи за амнестија и за лицата кои учествувале во изборните фалсификати. “Ако не се случи тоа, најмалку 10 000 лица ќе треба да одaат во затвор, а тоа ќе ги натера владејачките да станат уште поарогантни”, го цитираат бугарските медиуми Георгиевски

Според него преодната влада ќе мора да има за задача да го демократизира општеството и да ги реши основните проблеми со Грција и Бугарија. “Ако овој кабинет не го направи тоа  ниту еден потоа нема да го направи. Добра е идејата  за преодната влада да ја  раководи од етнички Албанец. Ако оваа ситуација продолжи, нема да имаме подобра иднина. Може да имаме конфликти и поради тоа е потребно брзо наоѓање излез од кризата “, рече уште Георгиевски.

Во моментов Љубчо Георгиевски  ја раководи маргиналната ВМРО-Народна партија. Груевски беше министерот во владата на Георгиевски, кој при заминувањето на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ го посочи за свој наследник, пренесува BGNES.

Слични содржини