Владата да ги повлече неуставните и незаконски мерки со кои граѓаните што се исклучени од парното греење се присилени повторно да се приклучат, односно да склучат нови договори. Ова го порачаа 100-тина граѓани кои не се согласуваат со одлуката на Регулаторна комисија која беше донесена во 2012 година.

Во текот на неделата нивните барања ќе бидат испратени во Владата, а доколку не се исполнат граѓаните најавуваат протести.
„Врз основа на вакви, очигледно неуставни и незаконски одредби, Топлификација на исклучените им праќа фактури, нотарите донесуваат решенија, судот донесува пресуди, а извршителите го пленат подвижниот и недвижниот имот на исклучените.

Конкретно бараме да престанат судењата и извршувањата на пресудите кои се вршат против исклучените од Топлификација врз основ на ваквите одредби.

Истовремено ја известуваме Владата на Република Македонија, дека од сабота 21. 03. 2015, ќе почнеме со протести, насочени против Владата на Република Македонија. Овие протести ќе траат се до исполнување на ова наше барање“, порачуваат револтираните граѓани.

Слични содржини