ДУИ и натаму останува во Владата, вели поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи новинарско прашање, јавува телевизијата Телма. Тој изјави дека во изминативе неколку дена немал средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети, но не ја исклучува можноста наскоро да се сретнат. Груевски изјави  ДУИ не ја напушта Владата, туку ќе изврши замена на своите кадри. али гријцо

„Не е точно дека сме само ние во Владата, ние и СДСМ. Од она што го знам отворени се местата на ДУИ и таа партија не е замината од власта и може да назначи нови кадри оти има право на замена на тие кои се повлекоа,“ изјави Груевски коментирајќи на новата ситуација во Владата.

Министрите и замениците на Али Ахмети вчера ја напуштија Владата и нивното понатаможно однесување е во рацете на лидерот на партијата, односно нему му е оставена конечната одлука како да постапи партијата.

Оставките на функционерите на ДУИ се очекува в понеделник да се најдат на дневен ред на редовната пленарна седница во Собранието.  Министрите и замениици министри вчера во Владата ги доставија своите оставки, по оддржаната седница на претседателство на управниот одбор на партијата.

Во писменото соопштение вчера беше  наведено дека ДУИ не е причина за кризата, но е гласот на разумот и жртва на девалвација на пржинскиот процес, без при тоа да ги објаснат конкретните причини за нивната одлука.

Слични содржини