Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре ќе престојува во Тирана, што е негова прва официјална посета надвор од земјата, по неговиот избор за претседател на косовската влада.

Во рамки на посетата ќе има средба со неговиот албански колега Еди Рама,која ќе биде во “Палатата на бригадите“каде што ќе биде промовирана Комисијата за организирање на „Сенацоналната година на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег“.

Манифестацијата се организира под патронат на двајцата премиери по повод 550-годишнината од смртта на Скендербег.

Харадинај, во Тирана ќе оствари средби  и со претседателот на парламентот Грамоз Ручи и со лидерот на опозициските демократи,Љуљзим Баша

Слични содржини