Хрватска затвори седум од осумте гранични премини со Србија по огромниот прилив на бегалци кон земјата, пренесе ББС.

Властите во Загреб рекоа дека немаат избор, откако повеќе од 10 000 луѓе влегле во земјата ден откако Унгарија ја затвори границата со Србија.

Tovarnik-Hrvatska-Migranti-Izbeglice1-620x350

Во меѓувреме, Словенија изјави дека запрела воз со мигранти и го вратила кон Хрватска.

Хрватски официјални лица изјавија дека патиштата кои водат кон граничните премини, исто така се затворени. Единствениот отворен граничен премин е на основниот пат помеѓу Белград и Загреб крај Бајаково.

“Мерката е во сила до втора наредба”, рече полицијата.

Забраната за движење го вклучува граничниот премин Товарник, од кој влегоа повеќето мигранти од Србија во Хрватска во последните два дена.

Според зборовите на министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ Хрватска нема можност да го прифати повеќе мигранти.

Словенија го запре движењето на возови по главната линија од Хрватска кај граничниот премин Добова откако органите на редот застанаа воз со околу 150 мигранти, соопшти “Ројтерс”, повикувајќи се на полицијата.

“Патнички сообраќај е запрен во моментов”, изјави полициски портпарол.

Пред тоа органите на редот рекоа дека мигрантите ќе бидат вратени во Хрватска “што е можно поскоро”

Така практично се затвора основниот пат по копно на мигрантите од Грција кон Северна и Централна Европа.

Според БиБиСи Хрватска прави напори да ги смести пристигнатите во бегалски центри, но нема доволно капацитет и повеќето луѓе остануваат на улиците.

Во исто време унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Хрватска дека ги испраќа мигрантите кон Унгарија и Словенија наместо да ги регистрира. Хрватскиот амбасадор во Будимпешта бил повикан во унгарското Министерство за надворешни работи, за да му биде предаден демарш.

Слични содржини