“Исламска држава” активно  ја  зајакнуваат одбраната  на својот”главен град” – сирискиот град Ракот, очекувајќи контранапади и реакција на меѓународната јавност по нападите во Париз, соопшти The Independent.

џихад

Весникот забележува дека Франција ги дуплира  авиоударите по Ракот и заедно со Велика Британија подготвуваат “детален план “за борба со ИД
Многу е веројатно ударот да биде нанесен во срцето на терористичката организација – нејзината престолнина.

Курдските  сепаратисти  и другите востанички одреди поддржани од предводена од страна на САД антитерористичка коалиција собираат воени сили на околу  20 километри северно од Ракот. Во последните неколку недели тие ги вежбаа  своите боречки способности и ја прекинаа маршрутата за снабдување на терористите меѓу Ракот и ирачкиот команден центар на организацијата во Мосул. Во одговор на овие активности ИД ги  зајакнува одбранбените капацитети во Ракот. Околу градот со население од 350 000 луѓе кои градат мрежа од тунели и бункери. Набљудувачкиот  портал Raqqa is Being Slaughtered Silently истакнува дека во градот е прогласена мобилизација. Претходно се јавуваше за тоа дека ИД  собира за воена служба по еден човек од секое семејство што живее во територија под контрола на терористите. Сега под овој повик спаѓаат мажи над 14 години.Офанзива кон Ракот е само прашање на време и командантите од ИД го  разбираат тоа, наведува весникот.

Западните експерти и поранешни воени стратези  изјавија во печатот дека  за освојувањето и задржување на градот ќе бидат потребни не помалку од 50 000 војници. Исто така се истакнува дека терористите планираат да го користат цивилното население како “жив штит” против авиоударите. За да го комплицираат бегството на граѓаните од градот, раководството на ИД го  исклучи пристапот до Интернет, објавија активисти. Се забележува дека ова решение исполнува  целосно неразбирање кај странските платеници кои изгубиле можноста да се поврзат со нивните семејства. Терористите се решени целосно да го изолираат Ракот од останатиот свет, и да го бранат до последен.

Слични содржини