„Изборната Бомба “на Заев потврда на забелешките на изборните набљудувачи

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Последната „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за изборните манипулации ги потврди сите забелешки на набљудувачите на изборните процеси за одредени нерегуларности, пишува РСЕ

7BE820BB-EF97-4952-8F73-818F9BC8C9B1_w640_r1_s_cx0_cy4_cw0Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во петокот објави снимени телефонски разговори, на кои, како што вели, се слуша како државни функционери разговараат за изборни манипулации. Од снимките можеше да се слушнат разговори за фалсификување на лични документи, искористување на гласачи од Пустец, користење на државни ресурси за партиски цели, притисоци, закани и злоупотреби на групи граѓани.

Џабир Дерала од невладината Цивил која го набљудува гласањето вели дека тоа што го слушнале на последната таканаречената бомба на опозицијата за нив е горчлива потврда за тоа што го откриле за време на изборите.
„Тоа се состојби кои зборуваат во најбрутална форма за тоа до каде е отидена партизацијата и криминогенизацијата на целиот систем. Ова се навистина големи и сериозни показатели за тоа дека во Македонија всушност не постои држава, туку постои една клика којашто на најсамоволен можен начин ги спроведува изборите и сите останати политички и општествени процеси“, вели Дерала.

Дарко Алексов од невладината Мост која има најмногу набљудувачи на изборите не сака да ги коментира прислушуваните разговори, но вели дека  притисоците и неправилностите се познати и никогаш не биле скриени а се тоа ериозно го нарушува кредибилитетот и квалитетот на изборниот процес.

„Ако поаѓаме од презумпцијата дека макар и едно ливче непоклопување во сумирањето на резултатите е основа за поништување на избирачко место, тогаш важноста на секој еден глас , а не повеќе гласови ,е неопходна и многу битна во изборниот процес“, вели Алексов  Од ДИК соопштија дека ќе закажат седница на која ќе ги разгледуваат тврдењата на Заев.

повеќе тука