Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска , која по жртвите во кумановскиите случувања со полицијата, си даде оставка, реагираше на синоќешната одлука на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за суспендирање на сите надлежности дадени непосредно пред неговото доаѓање , на сите раководителите во МВР.
Јанкуловска која веднаш по оставката се сокри од јавноста сега на Твитер предупреди: „Функциите на државата се доведени во прашање!“
И од нејзината матична и владеачка парртија ВМРО-ДПМНЕ исто така со брз ареакција дека ваквата одлука на Спасовски е спротивна на Законот за Влада усогласен на последната средба меѓу партиите за спроведување на обврските од договорот од Пржино.
Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера донесе одлука со која сите пренесени овластувања од министрите за внатрешни работи престануваат да важат, што всушност значи дека министерот ги враќа овластувањата кај себе.
Министрите за внатрешни работи дел од сопствените овластувања ги пренесуваат на началниците на одделни сектори во министерството, како и во секторите за внатрешни работи низ градовите во државата. Со оваа одлука Спасовски како министер ги враќа сите овластувања во својот кабинет.