Народниот правобранител Иџет Мемети денеска имаше едночасовна средба со американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји, на која беше разговарано за актуелната состојба во општеството, со посебен акцент на човековите слободи и права.

MEME

На средбата, како што соопшти кабинетот на Омбудсманот, соговорниците изразиле голема загриженост за прекршувањето на правото на приватност со масовното прислушување и сериозноста од последиците кои можат да произлезат од евентуалното нерасчистување на случајот.
Брајан Ји посебно ја потенцирал важноста и улогата на Народниот правобранител во општеството, особено неговиот став во однос на конкретниот случај. Истовремено, давајќи целосна и безрезервна поддршка за преземените мерки, како и за потребата од понатамошното постапување, при што истакнал дека е од голема важност институциите да соработуваат со Народниот правобранител и да му овозможат квалитетно и непречено спроведување на постапката.

На средбата станало збор и за неопходната потреба од зајакнување на неговиот мандат, финансиската независност, кадровските капацитети, сериозноста на годишните извештаи и почитувањето на неговите препораки./МИА

Слични содржини